X
 27.08.2025 Живот

Philips Sonicare ќе продава четки за заби со Биби и Боби – македонските ликови што го освојуваат светот

„Светот на Биби“ потпиша договор со еден од најголемите светски брендови за орална хигиена – Philips Sonicare. Оваа соработка започнува во Македонија, а во следниот период ќе се прошири и во другите земји каде што е присутен брендот.

Во рамките на партнерството се изработени специјални налепници за детските Philips Sonicare четки за заби, инспирирани од ликовите на „Светот на Биби“, со цел децата да ја доживеат оралната хигиена како игра и забава.

Како дел од соработката, создадени се и едукативна епизода со Биби и Боби и песничка за миење на забите. Премиерното претставување ќе се одржи овој викенд за време на големата викенд-забава со Биби и Боби во Веро Центар (сабота и недела од 12:00 до 14:00 часот).

Од „Светот на Биби“ изјавуваат:

- Партнерството со Philips Sonicare за нас претставува големо признание. Горди сме што еден глобален бренд со долгогодишна традиција и врвни стандарди во областа на здравјето препозна вредност во нашиот бренд. Нашата мисија отсекогаш била децата да учат преку забава, а преку ликовите на Биби и Боби тие полесно и посреќно ги усвојуваат правилните навики. Здравата насмевка е темел за среќно детство, а со оваа соработка создаваме мост меѓу едукацијата, забавата и здравјето. Започнуваме од Македонија, а нашата цел е оваа позитивна приказна да ја прошириме во сите земји каде што сме присутни.

Од Philips Sonicare додаваат:

- Philips Sonicare е посветен на промоција на највисоките стандарди за орална хигиена и развој на иновации кои ја прават грижата за забите поефикасна и полесна. Соработката со „Светот на Биби“ ни овозможува на еден уникатен начин да се доближиме до семејствата и да ја претвориме грижата за здрави заби во игра и радост. Веруваме дека децата најлесно учат преку омилените ликови, а Биби и Боби се идеални амбасадори за да покажат дека миењето на забите може да биде забавно, музичко и едукативно искуство. Нашите Philips Sonicare четки се создадени токму со таа цел – позабавно, подобро четкање и возбудлив почеток на здрави навики за цел живот. Наградуваната Sonic технологија ги штити млечните заби и обезбедува лесен режим за темелно чистење, додека вградениот тајмер осигурува дека децата ги мијат забите цели 2 минути. Родителите можат да бидат сигурни дека нивните деца добро ќе си ги измијат забите, дури и кога нивната техника сè уште се развива. Технологијата Sonicare користи нежно пулсирачко дејство за длабоко чистење меѓу забите и по линијата на непцата, компензирајќи ги малите грешки што се јавуваат кога децата учат.

Како дел од соработката, создадени се и едукативна епизода со Биби и Боби и песничка за миење на забите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот