X
 27.09.2018 Живот

ИКЕА предупредува: Ако сте ја купиле оваа ламба, вратете ја!

ИКЕА ги повикува сите купувачи кои ја купиле „CALYPSO“ ламбата после 1 август 2016 година, да ја проверат ознаката за датум на производот.

-Икеа ги прими извештаите за падот на стаклен абажур, па за да го намалиме ризикот за нашите купувачи, ИКЕА ја повлекува од продажба „CALYPSO“ ламбата со овие ознаки за датум на производство: 1625 до 1744. ИКЕА ги повикува сите купувачи кои поседуваат CALYPSO плафонска светилка произведена во текот на спорниот датум, да ја вратат во ИКЕА продавниците, каде ќе им биде заменета со нова „CALYPSO“ ламба или целосно враќање на платениот износ. ИКЕА не бара никакви докази за купувањето - се вели во соопштението.

-Безбедноста на производот за компанијата ИКЕА е важно прашање. Сите наши производи се тестирани и усогласени со важечките стандарди и закони. И покрај тоа, добивме извештаи дека стаклото на „CALYPSO“ паѓа. За да ги заштитиме купувачите и да избегнеме понатамошни инциденти, одлучивме да ги повлечеме спорните производи - продолжува соопштението.

-Иако е ниска веројатноста дека понатамошни падови повторно ќе се слушат, ризикот е повеќе од доволна причина за ИКЕА да ги повлече спорните ламби - вели Емили Нестер, менаџерка во ИКЕА во Шведска.

-Безбедноста на купувачите е главен приоритет за компанијата ИКЕА - истакна таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот