Антологиската серија „Кабинет на чудесии на Гиљермо дел Торо“ се темели на истоимениот расказ од славниот оскаровец. Таа нè води во свет каде што забот од змеј, сирената од Фиџи и рогот од еднорог се вообичаени предмети.
Првите епизоди од серијата беа објавени на „Нетфликс“, неколку дена пред Ноќта на вештерките. Познатиот мексикански режисер се појавува на почетокот на секоја епизода од серијата и, како и Алфред Хичкок, кажува што следува во приказната.
Кабинетот на чудесии би можел да се опише како вид луксузно парче мебел кое е создадено во време кога патувањата биле ретки. Неговата содржина нè потсетува на нашите тајни, гревови и темнината.
Секогаш кога Гиљермо ќе извади еден предмет, почнува импресивно продуцирана епизода. Треба да се посочи дека во серијата има насилство, но истовремено таа не е многу страшна.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)