Јапонската компанија „Сајнс корпорејшн“ ја претстави „Мираи нинген сентакуки“, футуристичка машина за перење луѓе, на светската изложба „Осака-Кансаи експо“ 2025.
Овој необичен концепт има цел да го промени традиционалниот начин на одржување на хигиената и да ги воведе луѓето во ново време каде што истовремено се чистат и телото и умот.
Како функционира машината?
Машината е, всушност, капсула со ниско седиште. Откако корисникот ќе се смести, покривот се спушта и целосно се затвора. На екранот се прикажуваат релаксирачки сцени - како подводен свет или залез на сонцето, проследени со смирувачка музика.
Капсулата постепено се полни со топла вода и ултрафина сапуница до нивото на градите, при што корисникот се мие. Потоа водата се испушта, а млазниците распрскуваат чиста вода за да се исплакнат пената и нечистотиите.
Целиот процес на чистење трае неколку минути и не бара никаква активност од лицето што се наоѓа внатре.
Процесот е целосно автоматизиран со помош на вештачка интелигенција. Прецизни сензори во капсулата постојано ги мерат висината на водата, температурата и протокот, со цел максимална удобност на корисникот.
Производителите истакнуваат дека машината има минимална потрошувачка на вода во споредба со класично капење, а истовремено содржи интелигентни решенија за рециклирање и филтрирање на водата. Лицата што веќе ја пробале се воодушевени од новиот концепт на капење.
Извор:
Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Screenshot/Facebook