X
 27.11.2023 Живот

„Отворен ден на УКИМ“ в петок на сите факултети

„Отворен ден на УКИМ“ организира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје в петок (1 декември) на секој од факултетите во негов состав, во два термина: од 10 до 12 часот и од 12 до 14 часот.

-Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ широко ги отвора вратите за своите идни студенти – средношколците, давајќи им можност непосредно да се информираат за областите за кои се заинтересирани, да прошетаат низ кампусите, низ лабораториите и амфитеатрите и да се запознаат со студиските програми, соопшти УКИМ.

Отворениот ден е можност тие да се запознаат и со активностите на наставниот и соработничкиот кадар, со активностите на студентите, можностите за стипендирање и меѓународна размена, кариерните можности и практиканството, како и со многу други прашања поврзани со студентскиот живот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот