X
 14.04.2016 Образование

Отворен ден на УКИМ - Запознајте го најдобриот Универзитет


Утре (петок - 15.04.2015) е предвиден за Отворен ден на Универзитетот Св Кирил и Методиј“, во времетраење од 10:00 до 17:00 часот. Централниот настан е предвиден на платото пред ректоратот, каде ќе бидат сместени штандовите на факултетите.

Посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, нејзината долга традиција, мисија и визија. Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.

Покрај другите активности предвидени се многубројни наградни игри за посетителите, голема забава со концерт на музички групи на платото на Универзитетот со почеток од 10 ч.

Денот е наменет за средношколците од средните училишта во Р. Македонија, но и убава можност за сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломските и докторските студии на Универзитетор.

Се надеваме дека на сите посетители ќе можеме да им ја пренесеме нашата цврста верба во образованието како единствена основа за напредок и влез на секој млад човек во подобра иднина.

Вашето присуство на Денот на високото образование на Универзитетот „Св Кирил и Методиј во Скопје“, за нас ќе претставува особена чест.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование