X
 04.09.2017 Образование

Денес – втора можност за запишување на студенти на УКИМ

Денес е пријавувањето на кандидатите за вториот уписен рок на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-УКИМ во Скопје. Запишувањето во вториот уписен рок ќе се врши под истите услови и критериуми и во сите категории студенти утврдени во Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ во учебната 2017/2018 година.



Во вториот уписен рок има слободни места за 5.556 студенти. Според објавениот конкурс, плериминарната ранг-листа т.е. резултати од успехот од
средно образование ќе биде објавена на 6 септември 2017 година во среда, додека на 11 септември, во понеделник ќе биде објавено решението за прием на кандидатите, или конечната ранг-листа.

Запишувањето на кандидатите е на 13 и 14 септември годинава.
Подготвил: Н.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование