X
 28.02.2023 Живот

Природниот прираст за четвртото тримесечје од 2022 е -616 лица

Во четвртото тримесечје од 2022 година живородени се 4.427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4,7%, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на умрени лица во четвртото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26,8% во споредба со истото тримесечје од 2021 година, односно 5.043 лицa, од кои 9 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е - 616 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Според податоците на ДЗС, во ова тримесечје од годината склучени се 2.762 бракови и нивниот број е намален за 2% во споредба со истиот период од 2021 година.

За четвртото тримесечје од 2022 година се добиени 339 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 39,1% во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот