Кралицата Елизабета II е една од најсаканите личности во Обединетото Кралство. Таа ѝ е позната на јавноста цел живот, а неодамна стана и монарх со најдолго владеење во историјата. Но, да се биде на нејзино место има и лоши страни. Нејзиниот живот бил во опасност повеќе од еднаш.
Австралија, 1970
Во 1970 година кралицата била на патување во Австралија. Според поранешниот детектиски надзорник Клиф Мекхарди, на тоа патување имало обид за атентат на кралицата.
Според Мекхарди, било поставено дрво на шините на кои требало да помине возот со кој патувала кралицата со сопругот. Дрвото не било на локацијата еден час пред поминувањето на кралицата за време на рутинската безбедносна проверка. Возот на кралицата го погодил дрвото, но патувал премногу споро за да биде предизвикана штета.
За оваа приказна првпат се зборувало дури во 2009 година кога Мекхарди им ја открил на медиумите.
Лондон, 1981
За време на настан што се одржува секоја година во Лондон, на 13 јуни, 17-годишниот Маркус Саржент испукал шест ќорци, што го вознемирило коњот на кој била кралицата. Меѓутоа, таа успеала да го смири животното и продолжила со церемонијата.
Саржент бил уапсен, а потоа признал дека сакал да биде познат и бил инспириран од убиството на Џон Ленон претходната година. Тој бил осуден на 5 години затвор.
Нов Зеланд, 1981
Неколку месеци по претходно споменатиот инцидент имало уште еден обид за убиство на кралицата додека таа го посетувала Нов Зеланд. Кристофер Џон Луис (17) чекал во зграда во близина на музеј кој го посетувала кралицата и пукал во возилото во кое била таа. Тој не успеал да го погоди возилото, иако сведоци изјавиле дека слушнале кршење на стакло.
Луис бил уапсен по 8 дена и бил осуден на 3 години затвор, од кои дел ги поминал во психијатриска институција.
Извор:
SCMP