X
 28.09.2016 Живот

На некои луѓе не им треба твоето "лајк"

Од Универзитетот Корнел откриле тип на личности кои се имуни на билдање его по социјални медиуми.

Професорот Ентони Бароу е еден од авторите на студија која открива дека на самоуверените и луѓето “со чувство за цел/смисла за животот“ ништо не им значат туѓите “лајкови“. За научниците тоа се луѓе за кои важи она „Јас имам многу причини да живеам“.

При истражувањето направени се експерименти во кои се анализирани „Фејсбук“ корисници кога добивале „лајкови“ на нивни ФБ фотографии.

„Откривме дека чувството за цел им овозможува на луѓето да ги навигираат виртуелните повратни информации со повеќе цврстина и упорност. Тие не се толку покорни на бројот на `лајкови` што ги добиваат. Тие го забележуваат позитивниот фидбек, но нивната среќа и задоволство не зависат од `лајковите`“, заклучиле научниците.

Авторите на студијата додаваат дека да се има цел во животот го прави човек емоционлано стабилен, што е од суштинско значење за успех и ефикасност во работата.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот