X
 28.09.2022 Живот

Вака изгледале жените во Иран пред 50 години

Илјадници луѓе во Иран протестираат поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина во притвор.

Амини беше три дена во кома по нејзиното апсење од застрашувачката иранска полиција за морал поради несоодветно носење хиџаб.

Како револт, сега жените се потстрижуваат и ги палат хиџабите на улиците во Иран, а бројот на загинати и уапсени секојдневно се зголемува.

Пред Иранската револуција во 1979 година, Иранките изгледаа и се однесуваа како жените на Запад.

Фотографиите направени во 70-тите години на улиците во Иран се речиси неверојатни од денешна перспектива - девојките и жените шетаат без хиџаб, во здолништа и фустани, носејќи што сакаат. Времето на плажа го поминувале во дводелни костими за капење.

За изгледот и однесувањето на жените во Иран пред револуцијата, најдобро сведочат фотографиите на иранската царица Фара Пахлави, која ги обожавала модата и уметноста и била икона на своето време до моментот кога таа и нејзиниот сопруг Мухамед Реза Пахлави не биле протерани од земјата.

Иранската царица носела здолништа, панталони, фустани со принт од леопард и сето она што сакала да го носи, а немало проблем ниту да се фотографира во костим за капење. Истата мода ја следеле речиси сите млади жени во Иран. Покрај козметиката и модата, младите жени во Иран имале пристап до образование и биле вклучени во речиси секој сегмент од општеството во тоа време. Фотографиите во продолжение се доказ за тоа:

2

3

3

5

6

7

Вака изгледаат денес жените во Иран:

zeni
Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот