X
 28.12.2019 Живот

Паметни луѓе што направиле навистина глупави работи

Дури и најпаметните луѓе понекогаш прават многу глупави потези, што најчесто изненадува и разочарува бидејќи, сепак, се работи за интелигентни личности. Преголемата самодоверба и желбата за докажување често може да се покажат како кобна.

Смрт поради зрачење

Кога Вилхелм Рентген ги открил рендгенските зраци во 1895 година, веста за тоа го заобиколила светот. Тогаш и 30-годишната Елизабет Флешмен Ашхајм одлучила да дознае повеќе за радиографијата. Иако никогаш не го завршила средното училиште, таа станала мошне вешта во радиографијата за само една година, и во Калифорнија ја отворила првата лабораторија за радиографија.

Елизабет често спроведувала експерименти со рендгенските зраци, а иако ѝ биле познати опасностите од долготрајното изложување на зрачење, таа одбивала да носи заштитна опрема бидејќи сметала дека така ќе ги преплаши пациентите. Својата тврдоглавост ја платила со животот - починала на 46 години како последица од преголемо зрачење.

Откриена тајната на шефот на тајната служба

Иако работата на Дејвид Петреус, поранешниот директор на ЦИА, била криењето на тајните податоци и информации, тој сепак пропуштил да сокрие неколку дела од неговиот приватен живот, кои на крајот ги платил со губење на работата.

Имено, Петреус имал афера со Паула Бродвел, писателка на неговата биографија, а парот направил огромна грешка. И двајцата биле во брак, па отвориле заедничка електронска пошта со цел да го избегнат меѓусебното испраќање на пораки. Проблемите почнале откако Бордвел почнала да испраќа вознемирувачки пораки од истата е-адреса до жена за која се сомневала дека „му фрлила око“ на Петреус. Овие вознемирувачки пораки неименуваната жена ги споделила со свој пријател кој работел во ФБИ, а откако била почната истрага, набрзо се открила и аферата на директорот на ЦИА.

Со лаги до успех

На само 25-годишна возраст Стивел Глас веќе бил уредник во магазинот „Њу Репаблик“. Во новинарските кругови во Америка тој важел за чудо од дете, па му претстоела успешна кариера, но набрзо било откриено дека поголемиот дел од неговите текстови се всушност измислени.


Сето тоа било откриено откако се утврдило дека една компанија за која пишувал Глас всушност не постоела, па била почната и истрага. Се покажало дека дури 27 статии од вкупно 41 биле измислени. Така, новинарската кариера на Глас дошла до самиот крај, а одредени медиуми пишувале дека неговиот „потфат“ бил најголемата измама во модерното новинарство.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот