X
 28.12.2021 Живот

На една фотографија успеал да ги фати кометата Неовајс, поларната светлина и Млечниот Пат

Кога Стенли Аријанто ја напуштил својата секојдневна работа за да ѝ се посвети на својата страст - фотографирањето, не можел ни да ги замисли можностите што го чекаат.

Сега, целото свое време му го посветува на своето хоби кое полека премина во бизнис. Неодамна, при неговиот последен „лов“, тој успеа да ја „освои“ крајната награда, со оглед на тоа што на една фотографија успеа да ги фати кометата Неовајс, поларната светлина и Млечниот Пат.

1

Фотографирањето на кометата Неовајс е многу ретко бидејќи таа е видлива на секои 6.800 години, но да се фатат сите три феномени во една фотографија е вистински џек-пот. Како тоа да не беше доволно, на овој фотограф природата му приреди уште едно задоволство наречено Стив (Станува збор за феномен што го откриле група љубители на поларната светлина во 2016 година. За разлика од стандардната поларна светлина, Стив е тесен лак на светлина).

kometa

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Stanley Aryanto
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот