Акциите на „Ајвижн тек (iVision Tech - IVN)“, која има пазарна капитализација од околу 20 милиони евра, скокнаа за 65 %, а голем дел од тој раст се должи на фотографиите од францускиот претседател Емануел Макрон кој носи авијатичарски очила за сонце.
На средбата на светските лидери во Давос, Швајцарија, Макрон носеше очила од „Хенри Жулиен“, француска компанија во сопственост на гореспоменатата компанија.
Макрон ги носи очилата од 15 јануари бидејќи му пукнал крвен сад во окото, што предизвикува неговото око да изгледа црвено. 48-годишниот француски лидер истакнал дека оптичкиот проблем е „целосно безопасен“.
Очилата, модел „пасифик С 01“, не се воопшто евтини.
На веб-страницата на компанијата цената е 659 евра. Сепак, интересот за очилата е во пораст. Компанијата соопштила дека морала да постави привремена веб-страница за претпочитаниот модел на Макрон поради големиот сообраќај.
Зголемен ефект врз акциите
Во интервју за „Ројтерс“, извршниот директор на компанијата, Стефано Фулчир, рекол дека појавувањето на Макрон со очилата имало ефект врз акциите.
Не е јасно што ја предизвикало состојбата на очите на Макрон. Доналд Трамп прашал за тоа и во својот говор во Давос, кој траеше повеќе од еден час. „Го видов вчера со тие прекрасни очила за сонце“, рече Трамп. „Што се случило?“
Корисниците на социјалните мрежи го споредиле Макрон со Том Круз во филмот „Топ Ган“, нарекувајќи го „Одметникот на европската политика“, додека други повлекуваа паралели со „Терминатор“ или серијата „Мајами Вајс“.
Извор: tportal.hr
Фото: YouTube screenshot