X
 29.03.2020 Живот

Фотограф успеал да слика ретка глетка - замрзнати бранови на езеро во Колорадо

Ерик Грос е пејзажен фотограф од Колорадо, САД, кој е во потрага по невидени природни глетки во Северна Америка и пошироко. Случајно Ерик наишол на уникатен феномен што го воодушеви светот.

Во февруари Ерик патувал до Дрим Лејк. Кога пристигнал утрото, веднаш пред изгрејсонце, тој видел уште неколку фотографи што талкале наоколу и правеле фотографии. Затоа одлучил да истражува затскриен дел од езерото со уникатна перспектива.

1

- Еден дел од езерото близу брегот имаше нешто што изгледаше на замрзнати бранови со остри работи, тврди криви и стрмни страни. Не можев да објаснам што гледам, па почнав да фотографирам - вели Грос.

2

Набрзо Ерик открил техника што давала навистина уникатна перспектива.

3

3

Феноменот на замрзнати бранови не е многу редок, особено не во националниот парк Роки Маунтинс каде што се наоѓа езерото, но обезбедува поуникатна контура во споредба со појавите на друго место. Светот допрва ќе открие што е тоа што ги формира овие замрзнати бранови.

Извор: Bored Panda
Фото:  Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот