„Работниците не остануваат подолго на работа бидејќи поради тоа би можеле да добијат лекција за неефикасност наместо пофалба“, пишува Хелен Расел, британска новинарка која живее во Данска.
Кога во 2013 година се преселила во Данска со сопругот кој таму добил работа, таа не можела ниту да сонува дека нејзиниот сопруг ќе доаѓа дома секој ден веднаш по завршувањето на работното време, а во петоците дури и порано.
Парот навикнал на задолжителните премолчени прекувремени часови и недостатокот на слободно време во Велика Британија, па биле изненадени кога виделе со која леснотија и дисциплина живеат луѓето во земјата која редовно се наоѓа на врвот на најсреќни места за живот.
Типичното работно време во Данска трае од 8 до 16 часот, со 37 работни часа неделно. Но, едно ново истражување покажало дека просечен Данец работи само 33 часа неделно.
Балансот меѓу работата и приватниот живот е битен, па така татковците и мајките без проблем по работниот ден може да ги земат децата и со нив да поминуваат квалитетно време, а навечер да имаат време и за себе. На работа тие внимателно ги завршуваат своите задачи и не земаат долги паузи за ручек, што често е нормално во земјите во кои и прекувремената работа е нормална работа.
Истражувањата покажале дека работата која надминува 8 часа на ден го зголемува стресот, а работниците се продуктивни кога се позадоволно, што данските работодавци очигледно го почитуваат.