X
 12.04.2019 Образование

Утре отворен ден на ФЕИТ

Факултетот за електротехника и информациски технологии утре, во 11 часот, организира Отворен ден E – cofFeEIT.
- Дојдете спремни за пинг-понг, серва, шах и други фини игри – ве покануваат организаторите.

Во рамките на програмата ќе има:
- инфо-пулт – за секоја студиска програма
- формирање групи на средношколци кои ќе ги водат професори при разгледување на факултетот и лабораториите
- еко-акција – симболично садиме 60 дрвја за 60 години постоење на ФЕИТ
- друштвени игри и кафе-дружење.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование