X
 29.06.2023 Живот

Том Круз шестпати ја повтори најголемата акробација во историјата на филмот

На првиот ден од снимањето на седмиот дел од филмот „Невозможна мисија“, Том Круз одлучил да сними една од најлудите акробации. Во Хелесилт, Норвешка, снимил опасна сцена во која со голема брзина вози мотор и излетува од карпа.

Потоа морал да го отвори својот падобран и полека да се спушти на безбедно, што повеќето луѓе во нивните 60-ти години не би го направиле така лесно. Оваа акробација се смета за една од најопасните во филмската историја, а актерот се подготвувал со месеци за неа.

Направил повеќе од 500 скока со падобран и 13.000 скока со мотор. И го правел тоа додека не бил целосно задоволен.

Имено, тој бил убеден дека може да го задржи мотоциклот во воздух уште малку, пред да го пушти и да „падне“.

Обожавателите беа импресионирани од посветеноста на Круз на улогата.

- Том Круз е најголемата филмска ѕвезда во историјата на филмот - пишува еден интернет-корисник.

- Фактот дека на 60 години прави една од најопасните акробации во филмската историја говори сам по себе. Тој буквално направи невозможна мисија - пишува друг.

Најновиот дел на „Невозможна мисија“ премиерно ќе биде прикажан во кината на 12 јули.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот