X
 29.06.2026 Живот

Хроничар на човечката душа - најмоќните и највпечатливи стихови на Владо Јаневски

Ако македонската поп-музика има свој официјален поет на скршените срца, на големите љубови и на носталгичните спомени, тоа без сомнение е Владо Јаневски. Со кариера која траеше со децении, тој успеа да создаде сопствен музички универзум во кој песната е приказна, а стиховите во неа се лекција за животот.

Владо Јаневски не беше само пејач, туку и хроничар на човековата душа. Неговите текстови ги допираат оние најдлабоки, честопати скриени соголувања на срцето. Во продолжение издвојуваме дел од неговите најмоќни и највпечатливи цитати кои оставија неизбришлив белег и станаа дел од дел од македонската културна меморија.

„За кого ли грее постела, за кого ли бело носела. Како ми е само јас си знам, дајте вино да му признаам...“

„На лице не ми пишува кој сум и што сѐ сум поминал, и победи и порази, во години што се слизнале низ образи...“


„Само дома си е дома ми шепне секој друм, каде и да одам во мисли таму сум, на Велигден штом ѕвона забијат, милион ѕвезди горат за Македонија...“

„Мислев далеку од очи - далеку и од срце ќе те скрие време, негде далеку од мене...“

„Пролет секоја птица некоја в грло носи песни љубовни и со твојот глас тагува за нас, заедно што не сме јас и ти...“

„Потпиши се преку лузни стари, после твоето име точка стави, пред тебе што било да заборави...“

„Во овој свет на лаги само ти си вистина, среде мрачен океан единствен остров светлина...“

„Некогаш и негде ќе те сретнам пак, покрај мене ќе блеснеш ко светулка во мрак, со поглед ќе ти раскажам, дека без тебе не можам, има нешто посилно од сѐ...“

„Бакнежот е средба најубава на свет, мост на кој си идат душите во пресрет, а мојата те чека на пола пат...“

„Ја кријам својата љубов ко другите што кријат злоба ноншалантно - ко да ми е срцето празна соба...“

„Прва љубов е бразда длабока, прва среќа мрак што разбива, друга ниедна толку невина чиста како мавровска белина...“

„Сегде околу нас љубов евтина со дланка просјачка и мантил искинат. Но мојата ќе трае се дури сум жив, твоето име да е мој последен здив...“

„Малечок бев и уште не знаев дека плачат и возрасни, одеднаш глеј врз мојот хартиен змеј капнаа солзи на мајка ми...“

„Не ти е лесно знам, мислиш светот се распаднал, а секое лошо за добро е што и да е ќе помине... Болката не значи да се предадеш затоа не плачи, ме имаш мене и гушни ме, што и да е ќе помине...“

Фото: Фејсбук

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот