Луѓето обожаваат да се жалат за тоа каква музика се произведува и каква музика слушаме денес. Сите текстови се глупави, повторливи и расистички. Затоа, фала Богу што имаме мноштво композитори на кои можеме да се потпреме - како на пример Моцарт. Да, и Моцарт пишувал песни.
1. „Leck mich im Arsch“
Песна која се чини дека била создадена за неговите пријатели. Насловот во буквален превод значи „Лижи ми го задникот“ - стар германски идиом сличен на модерниот „Бакни ми го задникот“. Кога издавачот на Моцарт го добил текстот од песната, бил шокиран од вулгарниот јазик во текстот.
2. „Bona Nox“
Во ова парче музика, Моцарт рециклира делови од писмата кои ги испраќал до неговото семејство (ако не сте ги прочитале, тогаш добро би било да го направите тоа).
Превод:
[Латински] Добра ноќ!
Вие сте прилично вол;
[Италијански] Добра ноќ,
моја драга Лоте;
[Француски] Добра ноќ,
Фуи, фуи,
[Англиски] Добра ноќ, добра ноќ,
[Германски] Изврши нужда во кревет и нека се разгори;
Добра ноќ, спиј цврсто
и стави го задникот во твојата уста.
3. „Difficile Lectu“
Оваа песна е преполна со забавни двојазични игри на зборови. Текстот е на латински, но ако го преведите, ќе сфатите дека нема многу смисла. Тоа е така затоа што Моцарт го напишал за неговиот пријател Јохан Непомук Пејерл, баритон со дебел баварски акцент. Моцарт знаел дека кога Пејерл би го изговорил латинскиот „lectu mihi mars“ би звучело како германскиот „leck du mich im Arsch“. Исто така, песната постојано го повторува зборот „jonicu“, затоа што кога е кажан повторно и повторно и повторно, звучи како италијанскиот вулгаризам „cujoni“.
Difficile lectu mihi mars et jonicu, jonicu
Difficle, lectu, lectu, lectu mihi mars
Mihi mars lectu lectu difficile lectu lectu
Jonicu jonicu, jonicu, jonicu, jonicu,
Jonicu, jonicu, jonicu, jonicu difficile
Зошто Моцарт пишувал вакви песни? Некои веруваат дека Моцарт имал Турет синдром, иако не е сигурно. Поголема е веројатноста овој генијалец да сакал вулгарни шеги што не било
невообичаено за време.
И Мартин Лутер - истиот човек кој го редифинирал христијанството, бил брилијантно вулгарен. „Му се спротивставувам на ѓаволот, а тоа често го правам со прдеж“.