X
 29.07.2021 Здравје

Знаци што покажуваат дека треба да пиете повеќе вода

Редовната хидратација на организмот во текот на денот е клучна за непречено извршување на многубројни телесни функции. Водата ја регулира телесната температура и ја олеснува работата на бубрезите, кои помагаат во исфрлање на штетните токсини од телото, пишува „Екапија“, цитирајќи го познатиот лекар Арон Кларк.

Телото ја складира внесената вода во деловите кои се најмногу дехидрирани, па затоа треба редовно да се пие вода. Недоволното внесување течности може да доведе до компликации како следниве:

Пад на концентрацијата и вниманието

Истражувачи откриле дека дехидратацијата на организмот ги попречува вниманието и концентрацијата, според истражување од 2012 г. Освен тоа, дехидратацијата може да предизвика и замор, чувство на потиштеност и емотивна раздразливост кај младите луѓе.


Фото: Pixabay

Вртоглавица

Доколку вежбате, се заморувате и се потите, а не пиете доволно вода, може да се појават вртоглавица и слабост. Според препораките на Кларк, треба да се пие малку вода на секои 10 до 15 минути за време на вежбањето.

Опстипација

Дехидратацијата на организмот создава и опстипација. Недоволното внесување течности ги зголемува шансите за опстипација кај жените за 30 отсто. Најдобар начин да се спречи овој проблем е пиење барем 8 чаши вода дневно.


Фото: Pixabay

Главоболка

Дури и слабата дехидратација на организмот може да доведе до главоболка, но научниците не се сигурни како се одвива овој биохемиски процес.

- Не знаеме точно зошто, но тоа може да има некаква врска со фактот дека дехидратацијата го намалува нивото на течности околу 'рбетниот мозок и мозокот, што може да влијае врз варирањето на притисокот во мозокот - изјавил докторот Кларк.

Извор: Ekapija
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје