X
 29.07.2025 Живот

Кое е најдождливото место во светот?

Верувале или не, постои едно место во светот кое, според сите статистики, е најдождливо во светот. Оваа статија не е посветена на Лондон, туку на Мавсинрам, кој се наоѓа во Индија, на 16 километри од Черапунџи, за кој до неодамна се велеше дека го држи овој рекорд.

Светската метеоролошка организација води евиденција за врнежите од дожд од 1851 година и оттогаш местото со најмногу врнежи од дожд на Земјата е Мавсинрам во индискиот регион Мегалаја.

Просечните годишни врнежи од дожд во овој суптропски регион се 11.872 мм, или речиси 12 метри! Ова место го држи и светскиот рекорд за најголеми 12-месечни врнежи од дожд, кои изнесуваат дури 26.470 мм, кои паднале помеѓу август 1860 и јули 1871 година.

Според статистиката, најголеми врнежи од дожд имало во 1985 година, кога наврнале неверојатни 23.818 мм дожд, додека, пак, најсушна година била 1980 година, со само 6.195 мм врнежи од дожд. Оваа област често се натпреварува за титулата со колумбиските градови Љоро и Лопез дел Микај, но обично победува.

Ако се прашувате кое е најсувото место во светот, според Светската метеоролошка организација, тоа е Арика во Чиле, со годишен просек од само 0,76 мм врнежи од дожд.

Единственото прашање е колку долго овие земји ќе ги држат првите места на листата со најдождливи и најсуви земји во светот бидејќи, како што сведочиме, климата се менува од година на година и прашање на време е кога ќе се случат големи промени.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот