X
 29.08.2018 Живот

Русија ќе одржи воена вежба каква што не е видена уште од Студената војна

Наредниот месец Русија ќе ја одржи најголемата воена вежба, а во неа ќе учествуваат и кинеските и монголските сили, објави во вторникот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

На вежбата што ќе се одржи на истокот од Русија наредниот месец ќе учествуваат повеќе од 300.000 припадници на војската, најмногу од 1981 година.

Рускиот министер минатата недела нареди брза проверка на руските воени сили за подготовка за воена вежба наречена „Восток 2018“. Таа ќе се одржува од 11 до 15 септември, а во неа ќе учествуваат копнени, воздушни и морски сили.

русија
Фото: Reuters


Русија минатата година, на другата страна на државата, ја изведе воената вежба „Запад 2017“ во соработка со Белорусија, а во неа учествуваа речиси 13.000 војници.

Операцијата предизвикала загриженост кај членките на НАТО-сојузот околу тоа дека можеби Москва се подготвува за можна инвазија, првенствено на поранешните советски републики на Балтикот.

Би-би-си наведува дека воените игри и овој пат доаѓаат во момент кога односите помеѓу Русија и НАТО се прилично лоши и потсетува на собирањето на силите на НАТО во источниот дел на Европа и поддржувањето на сепаратистите во Источна Украина од страна на Москва.

Министерот Шојгу вели дека во вежбата ќе учествуваат 36.000 тенкови и оклопни возила, а на небото ќе има илјадници борбени авиони и хеликоптери.

- Сите ја споредуваат вежбата со маневрите од 1981 година. На некој начин „Восток 2018“ и „Запад-81“ имаат многу допирни точки, но во некои сегменти тоа што ќе се случува во септември е на многу повисоко ниво - изјави Шојгу.

Колку е оправдана оваа скапа воена вежба со оглед на тешката социјална ситуација во Русија, одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- И тоа како е оправдана ако се согледа ситуацијата во светот и колку агресија и непријателство е насочено кон нашата држава - изјави Песков, истакнувајќи дека кинеското учество во „Восток“ докажува дека Пекинг и Москва соработуваат на сите полиња.

Се проценува дека руските вооружени сили бројат милион луѓе, а бројот на оние што ќе учествуваат во „Восток“ е еквивалентен со силите што се бореле во најголемите битки во Втората светска војна.

- Упатени сме во активностите на руската војска и внимателно набљудуваме што се случува таму. Секоја земја има право да спроведува вежби кај своите вооружени сили, но од пресудно значење е тоа да се направи транспарентно. „Восток“ покажува дека Русија го насочи конфликтот во големи размери, што се вклопува во моделот што го гледаме веќе некое време - изјави портпаролот на НАТО, Дилајн Вајт.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот