X
 29.09.2020 Живот

Планинари, престанете да редите камења, порачуваат научниците

Доколку неодамна сте планинареле, можеби сте забележале камења наредени еден врз друг и оставени така од други планинари. Еколозите се вознемирени бидејќи овие камења може да имаат многубројни последици врз инсектите, животните, па дури и почвата.

Луѓето ги користеле камењата за покажување насоки и други намени илјадници години. Но научниците ги загрижува нова практика на редење камења во уметничка форма кои најчесто се прават за фотографии за социјалните мрежи.


Фото: Pixabay

Многу инсекти и животни ги користат камењата и малите карпи за засолниште, репродукција и бегање од предаторите. Затоа, доколку поместите камен, можеби уништувате нечиј дом. Доколку ги наредите сите камења од околината, можеби ги изложувате животните на предаторите.

Звучи мелодраматично, но редењето камења во шума, на плажа или во пустина може да влијае врз цела колонија инсекти. Ова може да биде случај дури и доколку камењата веднаш се вратат на старото место, велат експертите.

Затоа, следниот пат кога ќе планинарите, воздржете се од редење камења и оставете ги веќе наредените камења на местото. Конечно, вашите постапки треба да се водат од универзалниот принцип да не оставате трага зад себе.

Автор: Мелани Радзицки Мекманус
Извор: science.howstuffworks.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот