X
 29.10.2016 Живот

Како гледаат далтонистите?

Дали сите го гледаат светот исто? Дали црвената боја е иста за сите?

Дури осум проценти од мажите и пет проценти од жените кои имаат северноевропско потекло не ја разликуваат црвената од зелената боја. Многу од нив дури и не се свесни за тоа. Тим од YouTube кој има канал „Mind Warehouse“, снимил видео кое е видено од повеќе од 10 милиони луѓе, само пет дена откако е поставено. Видеото ве води во светот на далтонистите, оние кои не ги разликуваат црвената и зелната, а и оние кои светот го гледаат во црно-бело.

Популарноста на видеото е најдобриот доказ за тоа колку луѓето сакаат да видат како изгледа стварноста на луѓето кои не гледаат исто како повеќемината.

Авторите на краткиот филм не водат низ процесот на тестирање, дијагностиката и самото доживување на далтонистот. На видеото можете да го видите и веб сајтот на кој може да се постават форографии за да проверите како „слепилото на бои“ всушност функционира.

Подготвил: Маја Пероска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот