X
 29.10.2023 Живот

Ова се најдобрите дестинации за посета во 2024 година, според „Лоунли планет“

„Лоунли планет“ ги претстави најдобрите дестинации за посета во 2024 г., а кенискиот Најроби го зазеде првото место.

50 дестинации се дел од годишната листа „Најдобри за патување“ и се трендовски дестинации за наредната година, поделени во пет категории: одржливи, вредни, градови, земји и региони, одбележувајќи ја 50-годишнината на „Лоунли планет“.

На врвот на категоријата „одржливи“, напорите на Шпанија во обновливите извори на енергија, како и напорите за заштита на природата и дивината, би можеле да инспирираат еко-пријателски одмор.

Во меѓувреме, Средниот Запад на САД ја предводи листата поради своите стари магацини претворени во уметнички студија, нови хотели со екодизајн и многу ресторани со Мишелин ѕвезди, заедно со Полска и Никарагва.

Во категоријата градови, како најдобар град се најде кенискиот главен град Најроби, заедно со Париз, кој е домаќин на Олимпијадата во 2024 година, и Џакарта во Индонезија.

За најдобра земја за патување е прогласена Монголија, заедно со Чиле и Хрватска.

Што се однесува до најдобрите региони, „Лоунли планет“ ги препорачува велосипедската патека Транс Динарика на Западниот Балкан, која треба да биде отворена во 2024 година, и Островот на кенгурите во Јужна Австралија.

- Нашите избори за оваа година се обидуваат да ги инспирираат патниците и да ги охрабрат да ги следат своите инстинкти - вели извршната уредничка на „Лоунли планет“, Нитија Чемберс.

Категорија одржливи


Шпанија
Патагонија, Аргентина и Чиле
Гренланд
Патеките во Велс
Камињо Портгес де Сантијаго, Португалија
Палау
Хокаидо, Јапонија
Еквадор
Балтичките патеки на Естонија, Латвија и Литванија
Јужна Африка


Категорија вредни

Средниот Запад, САД
Полска
Никарагва
Бугарија и Романија
Нормандија, Франција
Египет
Икарија, Грција
Алжир
Јужните езера и Централниот Отаго, Нов Зеланд
Ноќните возови на Европа

Градови

Најроби, Кенија
Париз, Франција
Монтреал, Канада
Мостар, Босна
Филаделфија, САД
Манаус, Бразил
Џакарта, Индонезија
Прага, Чешка
Измир, Турција
Канзас Сити, Мисури

Држави

Монголија
Индија
Мароко
Чиле
Бенин
Мексико
Узбекистан
Пакистан
Хрватска
Света Луција

Извор: Independent.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот