X
 29.12.2020 Образование

Студентот од Нови Сад кој победи 44 професори на суд пријавил во полиција дека добивал смртни закани

Стефан Карановиќ, студент на Правниот факултет во Нови Сад, Србија, пријавил во полиција дека преку социјалните мрежи добил смртни закани откако одделението на Управниот суд во Нови Сад ја укина и втората дисциплинска казна со која тој беше суспендиран од факултетот на 36 месеци.

- Се чувствувам загрозен и вознемирен, како и сите членови на мојата фамилија - истакна Карановиќ.

Тој додаде дека се сомнева оти заканите се поврзани со неговата победа пред Управниот суд.

Пријавата против Карановиќ, врз чија основа беше суспендиран од Правниот факултет, ја потпишале 44 професори и асистенти од таа образовна установа, а Уставниот суд го врати предметот на факултетот на повторно одлучување. Правниот факултет е обврзан на Карановиќ да му ги надомести трошоците за управниот спор, стои во пресудата.

- Фактот дека според процена на судот не само што е незаконски актот на деканот и комисијата туку и е неуредна пријавата која ја потпишале 44 професори и асистенти на Правниот факултет, не може да се објасни поинаку освен како тешка злоупотреба на службената должност и самовластие, кои се удар на основните вредности што ги гарантираат домашното и меѓународното право - истакна неодамна Карановиќ.

Тој додаде дека е подготвен да прифати „јавно извинување“ од оние што ја потпишале пријавата против него, но истакна дека не станува збор само за личен однос.

Стефан најави дека ќе бара отштета од 150.000 евра.

Извор: N1 Info
Фото: YouTube (printscreen)
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование