X
 30.01.2020 Живот

Земји во кои би сакале да сте пензионер

Данска и Финска се одлични места каде што можете да ги поминете вашите „златни години“, покажува индексот на компанијата „Хандикер“ од Велика Британија.

Индексот ја рангира Финска на првото место, а Данска на второто место. Веднаш зад неа се најдоа Холандија, Швајцарија и Австралија.

- Резултатите покажуваат дека Финска и Данска ги заземаат првите две места. Ќе биде интересно да се види како ќе се промени рангирањето со текот на времето - се вели во извештајот.

Среќни и здрави

stari luge

Индексот бил создаден со комбинација на неколку параметри, како што се квалитетот на здравствена заштита, животниот век, глобалниот мир, среќата, цената на недвижностите и возраста за одење во пензија.

Австрија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд и Шпанија ги комплетираа првите 10, додека други значајни места имаа Шведска (12. место), Германија (15. место), Велика Британија (17. место), Јапонија (19. место), Јужна Кореја (25. место), САД (28. место), Мексико (41. место), Индија (59. место), Бразил (81. место) и Русија (82. место). Македонија се најде на 55. место.

На дното се најдоа Ирак, Кенија, Украина, Венецуела и Камбоџа.

Во кои земји луѓето имаат најдолг животен век?

Кога се разгледуваат факторите што треба да се земат предвид при утврдувањето на најдобрите земји каде што живеат старите лица, очекуваниот животен век треба да биде на списокот. Просечниот животен век е одраз на многу области, вклучувајќи ја и здравствената заштита и колку е безбедна земјата. Ако една земја има висок животен век, со сигурност може да се каже дека таа е добро место за живеење на постарите.

Ова се петте земји со најдолг животен век:

Хонг Конг
Јапонија
Швајцарија
Сингапур
Шпанија

Петте земји со најкраток животен век:

Нигерија
Уганда
Намибија
Јужна Африка
Кенија

На дното на рангирањето е Нигерија со животен век од 54,7години - далеку под просечниот животен век од целиот свет, кој изнесува 70. Во Македонија просечниот животен век изнесува 75,8 години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот