X
 30.04.2022 Живот

Неверојатен хотел сместен на фјорд во Норвешка

Иако пред неколку години беа објавени нејасни планови, се чини дека тимот кој стои зад „Сикс сенсес сварт“ во Норвешка е подготвен да открие детали за неверојатно уникатниот хотел што ќе биде отворен во 2024 година. Овој еколошки хотел со 94 соби ги поставува футуризмот и одржливоста наспроти неговиот огромен природен амбиент, изгледајќи како вистински подарок за природата и луксузен начин гостите да уживаат во престој без јаглерод, без да биде загрозена нивната удобност.

Преку различни технологии и специфична архитектура, „Сикс сенсес сварт“ го постигна она што многу малку модерни одморалишта успеаја да го постигнат. Ова ќе биде првата нето-енергетски позитивна дестинација во светот, што го прави имотот револуционерен пример за современ луксуз и план за одржлив развој.

1

Поставен на дрвени столбови во водите на фјордот Холандсфјорден - без да го наруши морското дно, хотелот изгледа како НЛО кој штотуку слетал на еден камен на вториот по големина глечер во Норвешка.

„Сварт“ значи црно и сино на старонордиски, што е референца за природното наследство на глечерот Свартисен кој спаѓа во познатиот Арктички Круг. Оттука, посетата во зима би била најидеална со оглед на тоа што ноќното небо ќе биде осветлено од поларната светлина.

2

„Сикс сенсес сварт“ ќе биде првиот скандинавски имот на реномираниот луксузен бренд, кој поседува и управува со хотели од висока класа на Малдивите, Австралија и во Јужна Африка. И додека „Сикс сенсес“ отсекогаш бил високо ценет за балансирање на бескомпромисното луксузно сместување со околината, не е тешко да се каже дека овој амбициозен проект претставува еден од најголемите чекори што компанијата ги има преземено досега.

3

Целта е хотелот да биде најсеверната имплементација на Парискиот договор и пример за јаглеродна неутралност која е и изводлива во таков софистициран луксузен развој, но и профитабилна.

4

Извор: Bosshunting.com.au
Фото: Sixsenses.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот