X
 30.04.2025 Култура

Нова криминална драма на „Нетфликс“ што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај

Ако сте во потрага по следната криминална драма, новата мини-серија на „Нетфликс“ - „Тајните што ги чувавме“ може да биде тоа што го барате.

Шесте епизоди ги истражуваат тајните што се кријат под површината на најбогатото соседство во Данска откако млада Филипинка по име Руби мистериозно исчезнува. Но, кога сосетката Сесил одлучува да истражува, открива многу повеќе отколку што се очекувало.

Оваа мини-серија, која ќе биде достапна на „Нетфликс“ од мај, е сместена во едно од најбогатите соседства северно од Копенхаген и се фокусира на настаните што следуваат по мистериозното исчезнување на Руби.

Сесил, една од сосетките, е убедена дека нешто се случило со Руби, а дадилката што работи во нејзиното семејство, Ангел, почнува да ги истражува озборувањата што се шират во соседството.

Меѓутоа, случајот со исчезнатата дадилка не е приоритет за полицијата, а новоименуваната истражителка Аиха има потреба од секоја помош што може да ја добие.

Серијата ќе биде достапна на „Нетфликс“ од 15 мај.



Извор: Hellomagazine.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура