X
 30.05.2022 Живот

За 108 отсто зголемен бројот на сексуална злоупотреба на деца во Германија

Во Германија минатата година е забележан значително поголем број случаи на сексуална злоупотреба на деца во споредба со 2020 година, соопшти денеска германската полиција.

Има раст од 108 отсто, односно над 39.000 случаи, покажа специјалната анализа на германската полиција што денеска е претставена пред новинарите во Берлин.

Во случаите се вбројуваат дистрибуција, набавка, поседување и производство на содржина, каде што сексуално се злоупотребувани деца и тинејџери.

Меѓутоа, бројката ги покажува само официјално регистрираните случаи. Се претпоставува дека бројката е значително поголема.

Според процената на властите, секој втор ученик во секое одделение во училиштата, е жртва на некаков вид сексуално насилство.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот