X
 30.06.2020 Здравје

Во Шпанија се откриени траги од коронавирусот во отпадна вода од март 2019

Новиот коронавирус веројатно бил присутен во Европа подолго отколку што мислиме. Неодамнешни истражувања покажаа дека тој циркулирал во Италија од декември 2019, а истражувачи од универзитетот во Барселона сега откриле траги од вирусот при тестирање примероци од отпадна вода од 12 март 2019.

Истражувањето беше објавено неодамна и моментално се оценува од страна на надворешни експерти пред да се објави во научно списание. Затоа, доказите сè уште не може да се сметаат за веродостојни.


Фото: Pixabay

Едно од најраните откритија за коронавирусот е дека тој може да се најде во изметот од заразените луѓе. Во таа фаза тој не е пренослив, како што покажуваат досегашните анализи. Но фактот дека мали делови од вирусот може да бидат пронајден во отпадните води е корисен за анализа на пандемијата, односно на тој начин може да се предвиди ширењето на вирусот.

Многу земји, меѓу кои и Шпанија, сега ги анализираат отпадните води за да го следат ширењето на коронавирусот. Во истражувањето спроведено на универзитетот во Барселона истражувачите анализирале замрзнати примероци од отпадни води помеѓу јануари 2018 и декември 2019. Тие откриле остатоци од вирусот од јануари 2020, повеќе од еден месец пред првиот официјален случај во земјата.

Сите други примероци претходно биле негативни, освен еден од 12 март 2019, во кој се покажало присуство на коронавирусот.


Фото: Pixabay

Има повеќе објаснувања за овој резултат. Едно е дека коронавирусот останал во отпадните води од март, а друго е дека е направена грешка во тестирањето, односно дека примерокот „се заразил“ за време на анализата. Треба да се направат дополнителни тестирања за да се потврди сознанието.

Ова откритие не одговара со епидемиолошките податоци за вирусот. Во Шпанија немало поголеми случаи на пациенти со проблеми со дишењето во истиот период, па затоа можеби и не треба да се донесуваат заклучоци пред да се потврдат сознанијата.

Автор: Клер Кросан
Извор: sciencealert.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје