X
 30.06.2021 Живот

Во Македонија лани повеќе луѓе се доселиле отколку што се отселиле

Од Македонија се отселиле 1.082 лица во 2020, покажува најновиот извештај за живородени деца, умрени лица и миграции на Државниот завод за статистика. Вкупно 664 од отселените живееле во градски подрачја, а 418 во селски.

Во поглед на региони, предничи Југозападниот регион, откаде се отселиле 257 жители во други држави. Следуваат Југоисточниот регион со 218 отселени жители во други држави, Полошкиот со 149, Вардарскиот со 142 и Источниот со 139.

Скопскиот регион има најмалку жители што се отселиле во други држави - само 42.

Во 2020 во Македонија се доселиле 1.848 странски државјани, и тоа 1.428 во градски подрачја, а 420 во селски.

Фото: Државен завод за статистика

Во однос на внатрешните миграции, во Македонија минатата година се преселиле вкупно 2.920 лица, од кои најмногу лица - 1.457 - се преселиле во Скопскиот регион, а најмалку во Североисточниот - 179.

Истовремено, од Скопскиот се отселиле најмногу лица во друго место во Македонија - 514. Следуваат Вардарскиот со 407, Пелагонискиот со 394, Источниот со 393 и Југозападниот со 374. Најмалку отселени лица во границите на земјата минатата година биле од Југоисточниот регион - вкупно 209.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот