X
 08.06.2018 Култура

„Еуроњуз“ го објаснува контроверзниот спор за името меѓу Македонија и Грција

Што се случува?

Се очекуваат протести во Грција поради деценискиот спор за името помеѓу Атина и Македонија.

За што е спорот?


Македонија е контроверзна за Грција бидејќи го користи истото име како соседен регион во Северна Грција. Атина тврди дека регионот Македонија, кој лежи преку границата со Република Македонија, го користи името уште од времето на Александар Велики.

grcija

Исто така, постои загриженост дека ако Грција го прифати името, Република Македонија ќе има територијални претензии кон регионот.

Зошто проблемот е толку популарен?


Изборите минатата година на проевропскиот премиер на Македонија, Зоран Заев, му помогнаа во решавање на прашањето.

Двете земји последниве неколку недели одржуваат разговори во обид да го решат спорот, што ја блокира Република Македонија во обидите да започне разговори за пристапување во ЕУ и во НАТО.

- Постои поголема посветеност на македонската влада за да се разговара за проблемот и постои чувство на искреност дека сака да го реши - изјави професорот Флорија Бибер, експерт за балканска политика од Универзитетот „Грац“ во Австрија.

- Постојат и позитивни сигнали што доаѓаат од Грција - додаде тој.

Како дошло до спорот?


Спорот за името бил проблем помеѓу Белград и Атина уште пред 90-тите години, кога Народна Република Македонија беше дел од Југославија. Меѓутоа, исплива на површина по 1991 година кога Република Македонија прогласи независност од Југославија.

Кои имиња се разгледуваат?

Специјалниот мандатор на ОН за спорот, Метју Нимиц, првично даде предлог за пет можни имиња:

Република Нова Македонија
Република Северна Македонија
Република Горна Македонија
Република Вардарска Македонија
Република Македонија (Скопје)

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коцијас, во јуни рече дека последните две на листата се укинати.

Овие имиња и понатаму се на маса:

Република Нова Македонија
Република Северна Македонија
Република Горна Македонија

Коцијас минатата недела рече дека тој и неговиот македонски колега Никола Димитров ги заклучија нивните разговори за ова прашање. Двајцата премиери ќе продолжат со преговорите откако ќе се решат некои законски детали.

Што ќе се случи наредно?


Додека се чека официјално соопштението, оние што се против каков било договор се на улиците.

Освен протестите во Северна Грција, опозицијата заедно со неколку илјади поддржувачи протестира минатата сабота против промена на името на земјата и бара предвремени избори поради лошата состојба на економијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура