X
 30.06.2022 Економија

Европејците плаќаат најскап јавен превоз, а еве каде е најевтин

Податоци од веб-страницата „Статиста“ покажуваат дека жителите на европските земји плаќаат повеќе за јавен превоз отколку жителите на другите континенти.

Жителите на Швајцарија плаќаат најмногу за јавен превоз, односно просечно 46 долари месечно. Во Холандија се трошат просечно 45 долари за месечно користење јавен превоз, во Данска 44 долари, а во Шведска 42 долари. Следува Норвешка со 40 долари месечно, Финска со 35 долари и Франција и САД со 33 долари. Ова се земјите каде што жителите плаќаат најмногу за месечен јавен превоз, според анализа на 45 земји.

Од друга страна, во Пакистан, Нигерија, Кенија и Индија, жителите издвојуваат просечно 1 долар месечно за јавен превоз, а во Кина и Тајланд околу 3 долари.

Се проценува дека секторот за јавен превоз ќе генерира приходи од 261 милијарда долари во светот во 2022, што треба да биде зголемување од 21 отсто во споредба со 2021 година.

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија