X
 11.06.2025 Технологија

Ова се најпопуларните апликации во Европа: Од „Тему“ и „Чет-ГПТ“ до „Тетрис“

Инстаграм-профилот „Мепс интерлуд“ објави мапа на Европа на која е прикажано која апликација била најмногу инсталирана во европските земји во текот на 2024 година.

Во 2024 година три апликации доминираа на континентот, а меѓу нив најпопуларна е „Тему“, која во изминатата година најмногу ја инсталирале и граѓаните на Македонија.

Покрај Македонија, „Тему“ е најпопуларна апликација и во земји како Германија, Франција, Шпанија, Велика Британија и други европски држави.

Исто така, апликацијата „Чет-ГПТ“ зазеде значајно место на мапата, особено во Централна и Југоисточна Европа.

 
Во 2024 година „Чет-ГПТ“ беше најпопуларната апликација во Хрватска, Словенија, Унгарија, Романија, Австрија и Швајцарија, меѓу другите земји.

Во повеќе земји најпопуларна беше и „Тик-ток“, кинеската платформа за споделување кратки видеа, која беше избор број еден за корисниците во Италија и Црна Гора.

Најголемо изненадување: Ретро-апликација во Бугарија


Најголемо внимание привлече апликацијата што ја избраа граѓаните на Бугарија.

Имено, Бугарите во 2024 година најмногу ја инсталираа играта „Тетрис“, која некогаш важеше за најпопуларната видеоигра во светот.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија