X
 11.03.2018 Живот

Бесплатно патување низ Европа - не постои услов, само задача

patuvanje
Фото: Thinkstock

Компанијата „Бусабаут“ бара четири патници кои ќе бидат спремни да ги споделат своите авантури со светот. Како што се наведува, потребни се четири личности кои ќе бидат подготвени три месеци бесплатно да патуваат низ Европа.

Еден патник ќе треба да споделува фотографии на „Инстаграм“ со интересни наслови, друг на „Јутјуб“ да става интересни видео-приказни, блогер што ќе пишува текстови во кои ќе го опишува тримесечното патување и креатор на „Инстаграм“ и „Снепчет“ приказни кој во реално време ќе ги споделува сите незаборавни моменти.

Нивните авантури ќе подразбираат сè, oд скијање на швајцарските Алпи до едрење на Јадранот.

Во текот на тримесечното патување, кандидатите ќе можат да ги посетат сите европски метрополи како Париз, Рим, Берлин, Венеција и Барселона, но и помалку места како езерото Блед во Словенија.

Постои можност за групни пријави доколку би патувале со пријателите или семејството. За пријавување потребно е да испратите видео-снимка од „Јутјуб“ во која кандидатотот ќе објаснува зошто баш тој треба да се најде на тоа патување.

Кандидатите мораат да бидат постари од 18 години. Патувањето е планирано за мај оваа година - компанијата ги покрива сите трошоци за пат исместување, вклучувајќи и дневни трошоци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот