Картата на богатството во Европа се менува на значајни начини. Растечката глобална трговија, подемот на технолошкиот сектор и поволните политички трендови влијаеле врз тоа кои градови стануваат најбогати на континентот. Без разлика дали размислувате за преселување поради работа, истражувате каде да инвестирате или едноставно ве интересираат економските жаришта на Европа, сознанието кои се најбогатите градови нуди појасна слика за финансиската иднина на регионот.
15. Амстердам
Амстердам се вбројува меѓу водечките европски градови според квалитетот на живот. Кога станува збор за финансиите, тој е еден од најбогатите, со БДП по глава на жител од околу 68.000 долари.
14. Милано
Милано е широко препознаен како економска сила на Италија. Има БДП по глава на жител од околу 55.000 долари, што е двојно повеќе од националниот просек. Градот е глобална модна престолнина и седиште на многу луксузни брендови. Освен модната индустрија, Милано има силен финансиски сектор и развиени центри за огласување, дизајн и издаваштво.
13. Хамбург
Хамбург, вториот по големина град во Германија и најфреквентно пристаниште во земјата, се вбројува меѓу најбогатите урбани области во Европа. Овој град придонесува со речиси 4 отсто од вкупниот германски БДП. Покрај економската моќ, Хамбург е медиумски центар и дом на водечки издавачки куќи, телевизиски мрежи и компании за игри.
12. Копенхаген
Копенхаген, кој некогаш бил индустриско пристаниште, денес е динамичен центар заснован на знаење. БДП по глава на жител се движи помеѓу 65.000 и 70.000 долари. Поширокиот регион на Копенхаген е еден од водечките бионаучни центри во Европа, а градот се истакнува и во дизајнот, архитектурата, поморството, технологијата и иновациите.
11. Стокхолм
Главниот град на Шведска е моќен финансиски и деловен центар, одговорен за речиси 30 отсто од вкупниот БДП на земјата. Стокхолм е познат и како „фабрика на еднорози“ поради многубројните стартапи чија вредност надминува милијарда долари. Тој е и седиште на многу големи компании и значајна финансиска точка на Европа.
10. Москва
Москва цврсто го држи местото меѓу најбогатите градови во Европа, со проценет БДП помеѓу 500 и 600 милијарди долари. Во градот живеат дури 74 милијардери, што е повеќе од кој било друг европски град, и околу 250.000 милионери, што укажува на високо ниво на акумулирано богатство кај населението.
9. Минхен
Минхен има разновидна и многу успешна економија, со БДП по глава на жител од околу 75.700 долари. Клучна улога играат големи компании како БМВ во индустријата, и „Алианз“ и „Мјуних ре“ во финансискиот сектор. Градот е меѓу првите кога станува збор за медиуми, биотехнологија, истражување и технологија.
8. Осло
Осло има значителен удел во богатството на Норвешка. БДП по глава на жител се движи меѓу 80.000 и 85.000 долари. Просперитетот на Норвешка се темели на енергетиката, технологијата и поморството, а силниот систем за социјална заштита дополнително го подобрува квалитетот на живот.
7. Франкфурт
Франкфурт е еден од најбогатите градови во Германија, со БДП по жител меѓу 65.000 и 70.000 долари, значително над националниот просек. Градот е финансиски центар, дом на Европската централна банка, германската Бундесбанка и Франкфуртската берза.
6. Даблин
Даблин е меѓу најбогатите градови во Европа благодарение на силната ирска економија и поволното деловно опкружување. Метрополитенската област има БДП по жител од околу 103.641 долар, скоро 1,8 пати повеќе од просекот на ЕУ. Во Ирска живеат околу десет милијардери, во или околу Даблин. Градот има и околу 28.200 милионери.
5. Женева
Иако е помала од Цирих, Женева не заостанува по богатство на жител. Таа е глобален центар за приватно банкарство и трговија, дом на агенции на ОН и Црвениот крст. Во градот живеат шест милијардери и околу 74.200 милионери. Женева води во управувањето со богатство, со многу светски банки со седиште токму таму.
4. Луксембург
Според сите показатели, Луксембург е едно од најбогатите места во Европа. Има највисок БДП по глава на жител во ЕУ, што е 155.000 долари, повеќе од двојно од просекот на Европската Унија. Богатството доаѓа од моќниот финансиски сектор. Градот е втор по управување со имот во Европа, веднаш по Лондон, со околу 150 банки и илјадници инвестициски фондови.
3. Цирих
Цирих, економскиот и финансиски центар на Швајцарија, е трет најбогат град во Европа. Неговиот БДП изнесува 202 милијарди долари. Метрополитенската област има над 100.000 милионери, што значи дека секој шести жител е милионер.
2. Париз
Вториот најбогат град во Европа е Париз. Париската метропола има БДП над 1 билион долари, што ја прави најголемата урбана економија во ЕУ. Париз е светски лидер во индустријата за луксуз и мода, како и втор најголем банкарски центар во еврозоната. Во него живеат околу 165.000 милионери и 43 милијардери.
1. Лондон
Најбогатиот град во Европа е Лондон, со БДП од 1,3 билион долари, што го прави најголемата урбана економија на континентот. Неговиот успех главно се должи на улогата како водечки глобален финансиски центар. Лондон е дом на околу 227.000 милионери, повеќе од кој било друг европски град, и приближно 62 милијардери.
Извор:
Bizlife.rs
Фото: Pixabay