X
 30.07.2020 Здравје

Колку ќе чини вакцината за Ковид-19? Зависи која фармацевтска компанија ја прашувате

Фармацевтската компанија „Модерна“ планира стандардна доза вакцина против коронавирус да ја продава по цена од 50 до 60 долари, што е повеќе од цената на вакцините кои ќе ги продаваат „Фајзер“ и „Био ен Тех“, пренесоа американски медиуми повикувајќи се на неименувани извори.

Предложената цена на „Модерна“ е повисока од оние 39 долари за две дози, што е износ кој го договориле „Фајзер“ и германската „Био ен Тех“, склопен со американската влада, наведуваат медиумите, додавајќи дека „Модерна“ таа цена ја држи за САД и останатите побогати земји.

Американската влада за „Модерна“ обезбеди речиси милијарда долари финансиска поддршка за поддржување на истражувачките и развојните напори за потенцијална вакцина против новиот коронавирус.

Портпарол на „Модерна“ истакнал дека компанијата разговарала со властите за потенцијално снабдување со вакцина наречена mRNA-1273, но не истакнал никакви детали за цените, со оглед на доверливата природа на преговорите и договорите.

„Фајзер“, „Модерна“ и „Мерк енд Ко“ веќе најавија дека планираат да профитираат од продажба на нивните вакцини, додека некои производители на лекови, меѓу кои и „Џонсон & Џонсон“ објавија дека планираат да дистрибуираат вакцини на непрофитна основа.

Така компанијата „Астра Зенека“ се согласи да обезбеди во САД 300 милиони дози на вакцина, по цена од само 4 долари за една доза.


Извор: Dnevnik.hr
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје