X
 30.08.2018 Култура

Уште два дена може да се пријавите на програмата „Инкубатор“

До 31 август е отворен повикот за прием на нови членови на „Инкубатор“ програмата на Скопје танцов театар. Таленти на возраст од 16 до 30 години, заинтересирани за областите на современ танц, музика и визуелни уметности, може да се пријават на програмата.

Во првиот круг веќе се промовираа 23. „Инкубатор“ уметници, кои заеднички ја создадоа продукцијата „'Ртулци“. Перформансот беше изведен во Скопје, Куманово, Кавадарци, Кочани, Струмица и во Велес.

Програмата за култура „Инкубатор“ е платформа за развој на младинската уметничка сцена, преку која младите уметници добиваат можност за обука и реализација на своите идеи.
Вториот циклус ќе се одвива од септември до декември, кога ќе бидат презентирани резултатите од втората фаза на оваа програма.
Со младите таленти работат врвни уметници во своите области - Рисима Рисимкин (танц), Тони Китановски (музика), Жарко Башески, Симонида Филиповска за визуелни уметности и дизајнерката Лидија Георгиева.




Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура