X
 29.04.2025 Образование

Златен, сребрен и три бронзени медали освоија македонските математичари на БМО 2025!

Македонските средношколци постигнаа одлични резултати на Балканската математичка олимпијада (БМО) 2025, која се одржа во главниот град на Босна и Херцеговина. Тимот на Македонија се враќа со пет медали: едно злато, едно сребро и три бронзи, како и едно успешно учество.

Златниот медал го освои Дамјан Давков, кој со своите решенија ја покажа високата подготвеност и прецизност во математичката логика. Сребрен медал освои Алексиј Тасиќ, додека бронзени медали освоија Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Бранко Јангеловски.

БМО е едно од најпрестижните математички натпревари за средношколци во регионот, кој ги собира најдобрите млади математичари од Балканот. Македонскиот тим со години наназад бележи континуирани успеси, а и годинава покажа дека Македонија има сериозен потенцијал во областа на математиката.

Дамјан Давков - златен медал
Алексиј Тасиќ - сребрен медал
Ивано Божиновски - бронзен медал
Леонид Тодороски - бронзен медал
Бранко Јангеловски - бронзен медал
Андреј Тасиќ - успешно учество

Честитки!

Фото: Facebook

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование