X
 30.10.2022 Економија

Видео покажува како напредува изградбата на новиот футуристички град во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија почна да го гради футуристичкиот град наречен Лајн, што во превод значи „линија“, дел од проектот НЕОМ.

Градот ќе спојува две точки на источната и западната граница на земјата и ќе биде во облик на една долга линија. Малку се знае за деталите, но познато е дека градот ќе биде висок и ќе има стаклени облакодери. Во градот нема да има потреба од приватни автомобили бидејќи граѓаните ќе може пеш да стигнат до сите места.

Освен тоа, во градот ќе има брз подземен јавен транспорт, а покрај трговските центри, театри и ресторани, во градот ќе има и вертикални фарми во кои ќе се произведува храна.

Ново видео направено од компанијата „От скај“ покажува како напредува изградбата на градот.


Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија