X
 31.03.2022 Живот

Можете ли да го решите тестот за општа информираност на српскиот Факултет за политички науки?

Почнувајќи од годинава, во рамките на приемниот испит за студиите по новинарство на Факултетот за политички науки во Белград идните студенти ќе мора да решаваат и тест за општа информираност.

Факултетот објави две пилот-верзии, а во едната од нив ги има и прашањата во продолжение.

Обидете се да ги одговорите, па проверете дали ви се точни одговорите.

1.Во која држава се одржаа Зимските олимписки игри 2022 година?

1. Австрија
2. Франција
3. Кина
4. Русија
5. Јапонија

2. Што е Северен тек?


1. Речен слив
2. Познат филм на Хичкок
3. Топење на глечери на Северниот Пол
4. Гасовод што ги поврзува Русија и Европа
5. Ништо од наведеното

3. Тесла (Т) е единица за јачина на


1. електрично поле
2. самоиндукција
3. интерференциони решетки
4. магнетно поле
5. електромоторни сили

4. Манга е?

1. јапонски стрип
2. јапонски анимиран филм
3. вид овошје
4. јапонска храна
5. јапонски царски меч

5. Кривата на Гаус означува:

1. нормална распределба на зачестеноста
2. регресија
3. прогресија
4. бранови фреквенции
5. стапка на економски раст

6. Кој книжевник од поранешна Југославија има добиено Нобелова награда?


1. Добрица Ќосиќ
2. Иво Андриќ
3. Мирослав Крлежа
4. Меша Селимовиќ
5. Данило Киш

7. Како се вика полуостровот на кој е сместена Италија?


1. Апенински
2. Пиринејски
3. Балкански
4. Азуерски
5. Авалон

8. Во кој град во 2015 година е потпишан Договорот за климатски промени?

1. Берлин
2. Париз
3. Токио
4. Москва
5. Пекинг

9. Кој е моменталниот канцелар на Сојузна Република Германија, кој ја наследи Ангела Меркел?

1. Хелмут Кол
2. Герхард Шредер
3. Аналена Бербок
4. Олаф Шолц
5. Волфганг Шојбле

10. Во кој град првпат е прогласена епидемијата на вирусот САРС-Ков-2?


1. Ханжу
2. Гванжу
3. Харбин
4. Шангај
5. Вухан

11. Кој е богот на громовите, молњите и небото во словенската митологија?

1. Световид
2. Перун
3. Сварог
4. Стрибог
5. Никој од наведените

12. Како се вика валутата што се користи во Унгарија?

1. форинта
2. лира
3. круна
4. евро
5. франк

13. Еврејската света книга се вика:

1. Стар завет
2. Нов завет
3. Веда
4. Типитака
5. Тора

14. Во која држава се зборува фарски јазик?

1. Кореја
2. Португалија
3. Исланд
4. Иран
5. Ангола

15. Како се викала партијата на чие чело бил Адолф Хитлер?

1. Германска фашистичка партија
2. Германска радикална партија
3. Народна партија на германските патриоти
4. Германска антисемитска партија на обединување
5. Национал-социјалистичка германска работничка партија

16. Кој е основач на надреализмот и креатор на надреалистичкиот манифест?

1. Луј Арагон
2. Андре Бретон
3. Жан Кокто
4. Пол Елијар
5. Макс Ернст

17. Замислете дека сте се разбудиле и не знаете кој ден е. Која е веројатноста дека сте се разбудиле во ден чие име не завршува на буквата к, под услов да знаете дека станува збор за работен ден (не е сабота или недела)?

1. 14,28%
2. 20%
3. 33%
4. 50%
5. 66%

18. Профилната фотографија која служи за претставување на корисниците на интернет-платформите, која може да биде во форма на фотографија или анимација, се нарекува според санскритското име за инкарнирана душа:

1. Киборг
2. Хибрид
3. Аватар
4. Дивергент
5. Анима

19. Како се вика морското чудовиште во хебрејската митологија според кое Томас Хобс го насловил своето најпознато дело?

1. Харибда
2. Рикасу
3. Голум
4. Бехемот
5. Левијатан

20. Кој е основач на „Пејпал“ и компанијата за електрични автомобили „Тесла“?

1. Стив Џобс
2. Бил Гејтс
3. Џорџ Сорос
4. Џеф Безос
5. Илон Маск

21. Во борбата против разни микроорганизми на имунолошкиот систем му помагаат?


1. црвените крвни зрнца
2. белите крвни зрнца
3. тромбоцитите
4. хемоглобинот
5. холестеролот



Ова се точните одговори:

1) 3

2) 4

3) 4

4) 1

5) 1

6) 2

7) 1

8) 2

9) 4

10) 5

11) 2

12) 1

13) 5

14) 4

15) 5

16) 2

17) 2

18) 3

19) 5

20) 5

21) 2

Извор: Danas.rs

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот