X
 31.07.2019 Политика

Кина вети дека никогаш нема прва да употреби нуклеарно оружје

Кинеската влада неодамна објави бела книга во која е сумирана нуклеарната стратегија на земјата. Во документот, кој беше објавен минатата недела, кинеската војска наведува дека користи нуклеарно оружје како заплашувач, но разјасни дека никогаш нема да биде првиот напаѓач и дека никогаш нема да користи нуклеарно оружје за да се закани или да нападне ненуклеарни сили во кои било околности.

Најавата дојде како изненадување за нуклеарните експерти бидејќи тие очекуваат Кина да заземе поагресивен став среде сè поголемите тензии со Западот.

Колку за споредба, САД одбиваат да се обрвзат на слична политика. „Нешнел интерест“ пренесе дека од Пентагон сметаат дека двосмисленоста кога станува збор за нивните нуклеарни стратегии е поефективна стратегија кога станува збор за одредување на воената доминација во светот.

Како одговор, Кина не ги направи нејзините политики поагресивни. Наместо тоа, Кинезите разјаснија дека нивниот мал никлеарен арсенал може да возврати на напад од некоја земја која би ги нападнала прва.

-Кина секогаш е посветена на нуклеарна политика според која нема прва да користи нуклеарно оружје во кое било време и под кои било околности - стои во белата книга.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика