X
 31.08.2021 Живот

Аплицирајте: Целосно финансирани Чивнинг стипендии за магистерски студии во Обединетото Кралство

Чивнинг стипендиите, како дел од глобалната програма на Владата на Обединетото Кралство, во периодот од 3 август до 2 ноември 2021 година, прифаќаат апликации за стипендии за учебната 2022/2023 година. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply.  Стипендиите поддржуваат студирање на кој било универзитет во Обединетото Кралство, за едногодишни магистерски студии со целосна финансиска поддршка.

Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои ќе покажат посветеност и вештини потребни за создавање позитивни промени и притоа ќе покажат како магистратурата во Обединетото Кралство им помогнала во тоа. 

- Чивнинг искуството е многу повеќе од магистратура. Како академски предизвик и исполнето универзитетско искуство, така и сплотувањето во британската култура заедно со  соученици од целиот свет. Ние организираме ексклузивна програма на настани и активности за да се запознаете со британското наследство и историја, дискутираме на тема меѓународна политика и имаме интеракција со лидери на бројни академски, културни и социјални настани - вели Данкан Баркер, директор на Чивнинг секретаријатот.

Откако програмата беше креирана во 1983 година, над 50.000 професионалци ја добија можноста да се развиваат во Обединетото Кралство преку Чивнинг. За учебната 2022/2023, на глобално ниво ќе се доделат над 1.500 Чивнинг стипендии.

Повикот за нови апликанти следува по изборот на 7 стипендисти од Република Северна Македонија, кои добија стипендија за магистратура на универзитет во Обединетото Кралство оваа година. Избраните кандидати ги споделуваат своите приказни преку #ChosenForChevening хаштагот на Twitter, Instagram и на Facebook. 


фото: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот