X
 31.10.2016 Живот

Што научив од својот депресивен татко?

Исповед на синот со депресивен татко :

„Станав депресивен во текот на студиите. Татко ми ми помогна тоа да го пребродам. Кога и да бев нерасположен, татко ми ми зборуваше како и тој пател од депресија кога бил млад. Имал 22 години и живеел во Чиле, во војна и без паи. Дознал дека мајка ми забременила со мене и станал многу депресивен. Но, основал семејство, а секогаш ми зборуваше дека семејството секогап треба да биде на прво место.
Од Чиле се отселивме во Нов Зеланд. Моите родители со години беа чистачи. На крајот мајка ми и пронајде вистинска работа, бидејќи подобро го говореше англискиот јазик. Татко ми доби работа која одговараше на неговите квалификации, но за тоа беше потребно некое време. Знаеше убаво и да чита и да пишува на англиски, но никогаш не го изгуби акцентот. Звучеше како Антонио Бандерас, па многумина тешко го разбираа. Кога дојде од Чиле, никогаш не стекна вистински пријатели во Нов Зеланд. Татко ми имаше 53 години кога се самоуби. Мислеше дека нема со кого да разговара.

Кога тоа се случи, се беше толку брзо. Цела година ми помина многу брзо. Се вратив на работа два дена откако се случи тоа, ја водев сестра ми на снимања и кога ќе ги погледнам фотографиите од тоа снимање, изгледаме толку нормално. Но само два дена пред тоа се случи таа ужасна работа, а ние утредента го погребавме татко ми.

И мојот сопствен живот беше мрачен, но добив работа на која 12 часа дневно сите константно се смееја. Тоа беа два големи екстреми, но на некој начин тоа и ми помогна. Наредната недела беше малку подобро. Заминав во странство. Ја запознав мојата партнерка. Остана бремена и сега сум татко. Последните три години едноставно се занимавам постојано со нешто – работам, одам на претстави, излегувам. Пред да ја запознам својата партнерка, излегував секоја вечер, бидејќи не можев да седам сам дома.

Тоа те менува. Кога личноста на која најмногу се восхитуваш и најмногу и веруваш ќе направи такво нешто. Ја губиш вербата во луѓето, на се приоѓаш со претпазливост. Нешто се менува на подобро, а нешто на полошо. Тоа го зближи нашето семејство повеќе. И порано бевме блиски, но сега е поинаку. На позитивните промени кај мене, делумно влијаеја мојата партнерка и ќерка ми. Се поставувам себеси во улогата на татко ми и знам дека тоа се случило 30 години порано, но не можам да замислам дека некогаш ќе посакам да не сум тука. Знам дека и татко ми исто се чувствувал кога сум се родил јас, па тоа е уште една работа за која се грижа. Којзнае што ќе се случи за 30 години.

Мојот татко беше кул. Интелигентен, духовит и грижлив. Моето семејство беше сиромашно и кога дојдовме тука, тој секогаш беше сензитивен со луѓето во неволја. Кога се ќе се собере и одземе, мојот татко едноставно беше болен. Ја имаше таа болест за која никогаш не зборуваше. Го слушнав разговорот на мајка ми и возачот на амбулантното возило – татко ми испил разни лекови против анксиозност и депресија, а никој за тоа не знаел ништо. Никогаш не би помислил дека тој ќе го стори тоа.

Тоа е делот од проблемот. Ние сме земја во која владее мислата „ќе биде се во ред“, особено во малите градови. Луѓето не сакаат да покажуваат никаков знак на слабост, па не сакаат ниту да зборуваат за тоа и затоа ситуацијата е се полоша.

Размислувам околу тоа дали работите би биле поинакви ако татко ми зборуваше за тоа. Не беше многу друштевн тип, па немаше ни многу пријатели. Но, ако разговараше со некој од нас, можеби ќе го избегнеше лошиот крај. Мислам дека и чувствуваше голем срам. И јас бев ист. Кога бев во депресија и кога татко ми го стори тоа, и мене ми беше срам. Но, на крајот моравме да седнеме и да зборуваме за тоа. Не е толку страшно.

Ми недостига. Некогаш повеќе, некогаш помалку. Некогаш си велам на себеси дека не ми недостига – само глумам дека е така, бидејќи се лутам на него, но и понатаму ми недостига.“

Кори Гонзалес Макуер

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот