X
 31.10.2025 Живот

Српските демонстранти спиеја на улица

Дел од демонстрантите во Србија, меѓу кои има и голем број студенти, минатата ноќ ја поминаа под ведро небо. Тие се движат пеш кон Нови Сад, а ноќта ја минаа на улиците на градот Инѓија.

Жителите на градот ги отвориле вратите за демонстрантите, но дел од нив сепак решиле да преноќат надвор, спиејќи на душеци.

Демонстрантите ќе одржат комеморативен собир во Нови Сад по повод годишнината од уривањето на натстрешницата на железничката станица, несреќа во која загинаа 16 лица, меѓу кои и еден Македонец. Оваа несреќа предизвика бран на незадоволство од власта и големи протести.


Насловна фотографија: X

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот