X
 12.03.2015 Конкурси

Повик за учество во Балканска Младинска Редакција

Универзитетското радио „УГД ФМ“ станува дел од проектот Балканска младинска редакција. Станува збор за проект во кој млади луѓе од регионот ќе имаат можност преку обуки да се стекнат со знаења од областа на новинарството и медиумите и да бидат дел од Балканската младинска редакција која ќе биде медиум на младите од три држави, Македонија, Босна и Херцеговина и Србија.

 

Што е Балканска младинска редакција?

Балканска младинска редакција – Balkan Youth Newsroom (BYN) е регионален проект којшто ќе биде реализиран во Штип (Македонија), Ниш (Србија) и во Сараево (Босна и Херцеговина) до крајот на 2015 година.

Кој е дел од проектот?

Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа во Скопје (Македонија) е носител на проектот (http://idebate.org/).
Универзитетското радио „УГД ФМ“ при Универзитет „Гоце Делчев“ (http://ugdfm.ugd.edu.mk),  
Новинската редакција Јужне вести во Ниш (http://www.juznevesti.com/)
Младинскиот магазин на Младинската организација во Босна и Херцеговина (http://onabih.ba/) се трите партнерски организации вклучени во активностите на проектот Балканска младинска редакција.



Проектот ќе вклучи вкупно 60 млади луѓе од овие балкански земји. Ќе има по 20 учесници од секоја од земјите, коишто поделени во групи ќе работат во новинарски редакции во Штип, Ниш и во Сараево. Сите учесници ќе работат во локалните редакции на партнерските организации во овие градови. Секоја група учесници, во текот на еден месец, ќе работат практична новинарска работа најмалку два дена месечно.

Кој може да учествува во овој проект?

Потребно  е учесниците да бидат на возраст помеѓу 18 и 28 години, без разлика на нивниот социекономски статус, ниво на образование или на етничката припадност. Активисти, претставници на невладиниот сектор и студенти по новинарство се целната група на која се фокусира проектот. Објавените новинарски производи – истражувачките приказни, новинарските текстови со висок новинарски квалитет и стандард, како и мултимедијалните производи на локалните, регионалните и на националните медиуми ќе им бидат понуди за реобјавување.

Што ќе добијат младите луѓе?

Младите ќе поминат тренинг по новинарство, уредување на видеоматеријали, фотографија, истражувачко новинарство, дигитално раскажување, пишување за веб-страница, како и создавање и одржување интернет страница. Кога сме веќе тука, Интернет платформа на која ќе се објавуваат новинарските производи на учесниците е резултатот кој треба да произлезе од овој проект. На таа платформа ќе се нудат разни теми кои ги засегаат младите, како и теми за важни и актуелни области и настани.

Балканската младинска редакција има за цел да објави најмалку 600 новинарски производи за времетраењето на проектот. Тие ќе бидат објавени на новинската платформа, најмалку 100 ќе бидат објавени и на други медиуми, а најмалку 15 обучени учесници ќе бидат ангажирани во локалните медиуми на партнерските организации, како и на платформата на Балканската младинска редакција. Платформата во иднина ќе дава можност за објава на новинарски производи и на други млади новинари, ентузијасти за новинарство и младински работници од целиот регион.

Како да се пријавите?

Конкурсот за аплицирање на проектот може да се најде на следниов линк http://idebate.org/content/balkan-youth-newsroom-application-form, а аплицирањето е до 31 март 2015 г.

Повеќе информации на е-пошта: igor1.stojanov@ugd.edu.mk или на телефон: 032 550 846

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси