X
 01.01.2020 Живот

Неверојатни древни кинески изуми

Доколку мислевте дека Јапонците денес се многу понапредни од другите народи во светот, погледнете какви изуми имале Кинезите долго пред другите цивилизации да дознаат за нив. 



Кинезите го имале компасот од 4 век пред нашата ера и го користеле за фенг шуи. Потоа, тоалетната хартија почнала да се користи во 6 век пред нашата ера, односно 1.300 години пред остатокот од светот.


Кинезите ја измислиле хартијата, но исто така го развиле печатењето и го смениле начинот на печатење на книгите. Тие го користеле барутот долго пред нас, исто како и алкохолот. Сад стар 9.000 години пронајден во Кина претставува доказ за користење алкохол.


Помеѓу кинеските изуми е сместен и сеизмографот. Тој бил создаден на почетокот на вториот век за покажување на епицентарот на земјотресите. Покрај тоа, банкнотите биле искористени првпат во Кина од 600 до 900 година, пет века пред Европа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот