X
 01.01.2026 Живот

Ова се најчитаните текстови за наука на Факултети.мк за 2025 година

Науката е она што го движи светот напред и она што отсекогаш било поле на интерес за нас, во напор да бидеме гласило за најважните случувања во ова поле. Факултети.мк и годинава објави многу текстови за достигнувањата и истражувањата во науката, а најголемо внимание, како и секогаш, привлекоа оние поврзани со здравјето.

Така, најчитан текст од оваа рубрика за 2025 година е „Еден од најстарите лекови за крвен притисок може да го запре и агресивниот раст на тумор на мозокот“.

Експерти од Пенсилванија откриле како „хидралазинот“, еден од најстарите лекови за крвен притисок во светот и главен третман за прееклампсија, дејствува на молекуларно ниво. Притоа, тие дошле до изненадувачко откритие - може да го запре и растот на агресивни тумори на мозокот.

Во продолжение се и другите, а на сите можете да се потсетите со кликнување на линкот:

Утринска навика што предизвикува најмногу срцеви удари во првите 10 минути по будењето

Лекарите одамна знаат дека најголемиот број од срцевите удари се случуваат во раните утрински часови (помеѓу 6 и 10 часот наутро). Водечкиот кардиолог во Општата болница во Виена, д-р Хајгл, кој проучувал над 12.000 срцеви случаи, посочува на еден клучен предизвикувач - начинот на кој луѓето го започнуваат денот.

Научниците го предвидуваат датумот кога ќе заврши човештвото: Многу е поблиску отколку што многумина мислат

Како што вештачката интелигенција станува сѐ понапредна, научниците сѐ повеќе ја користат за да ја анализираат иднината на човештвото и на нашата планета. Но, идејата дека компјутерите можат да ја предвидат пропаста на едно општество не е нова - уште во 1972 година истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) создале компјутерски модел кој ги анализирал моделите на раст на населението, користењето на природните ресурси и потрошувачката на енергија.

Два континента брзо се движат еден кон друг: Можно е формирање на нов суперконтинент

Два огромни континента се на пат кон судир и тоа се очекува порано и побрзо отколку што се предвидуваше. Австралија се наоѓа на неизбежна траекторија кон судир со Азија, а темпото на ова континентално придвижување се одвива побрзо отколку што многумина би очекувале.

Научниците тврдат: Шпанија и Португалија постепено се вртат, се намалува растојанието меѓу Европа и Африка

Тектонската плоча на која се наоѓаат Шпанија и Португалија почнала полека да ротира, тврдат научниците во најновото истражување објавено во списанието „Гондвана рисрч“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот